Инвертебрата

Одделот за без’рбетници при Природно-научниот музеј на Република Северна Македонија поседува богата музејска збирка на без’рбетни животни, создадена преку долгогодишни научни истражувања и систематско собирање. Проучувањето на без’рбетната фауна започнало со основањето на Музејот, како дел од истражувањата на подземните води спроведени од д-р Станко Караман.

Со текот на годините, музејските збирки се збогатени со бројни групи на без’рбетници, меѓу кои сунѓери, црви, ракови, пајаковидни животни, полжави и школки. Меѓу нив се застапени и реликтни и ендемични видови со исклучителна научна вредност. Дополнително, формирана е и посебна збирка на морски без’рбетници. Во 1996/1997 година, Музејот ја презел и научната збирка на д-р Славе Хаџишче од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Денес, збирката опфаќа повеќе од 50,000 примероци, организирани во неколку специјализирани збирки:

  • Збирка на слатководни сунѓери

  • Збирка на црви

  • Збирка на полжави

  • Збирка на слатководни школки

  • Збирка на пајаковидни животни

  • Збирка на ракови


Контакт: Наташа Стефановска, кустос

Е-пошта: n.stefanovska@musmacscinat.mk