Орнитологија

Орнитофауната на Северна Македонија е проучувана од ограничен број орнитолози, индивидуално и во различни временски периоди. Најзначајни центри на разновидност на птиците се трите природни езера, кои претставуваат клучни живеалишта за водните птици, речните клисури што обезбедуваат услови за грабливите птици и планинските масиви, каде што се застапени бореални и аркто-алпски видови.

Одделот за орнитологија е посветен на проучувањето на птиците, нивната географска распространетост, морфолошките карактеристики, еколошката улога, еволутивниот развој и други поврзани аспекти.

Врз основа на досегашните истражувања, во Северна Македонија се евидентирани приближно 335 видови птици, што претставува околу 64% од вкупниот број на видови птици во Европа.

Музејот располага со релативно голема збирка на птици, која опфаќа 1,989 примероци од 262 видови, собрани од:

  • д-р Станко Караман (1925–1953, најмалку 424 примероци)

  • Киро Богоевски (1937–1980, најмалку 649 примероци)

  • д-р Ристо Групче (95 примероци)

  • д-р Светозар Петковски (74 примероци)

  • Македон Петличаров (18 примероци)

  • Ѓорѓија Ѓорѓиевски (26 примероци)

  • Тодор Ивановски (159 примероци)

Дополнително, помал број примероци на птици биле донирани од поединечни дарители.

Во постојаната музејска поставка се изложени 253 видови птици, со повеќе од 459 препарати, прикажани според нивната систематска класификација и во рамки на нивните природни живеалишта.


Е-пошта: contact@musmacscinat.mk