Мисија и Визија
Историја
Природонаучниот музеј на Р.С. Македонија е формиран на 26 октомври 1926 година, на иницијатива на познатиот зоолог д-р Станко Караман. На идејата за формирање на една ваква институција ѝ претходеле неколку настани, кои се покажале како пресудни за донесување на една ваква одлука. Најнапред, тоа е излегувањето на монографијата „Македонија“ (Mazedonien) од д-р Франц Дофлајн во 1921 година, од каде што младиот Станко Караман ги добива првите информации за разновидноста на флората и фауната во Р.С. Македонија и тоа претставува силен поттик да донесе одлука да ја посети нашата држава.
Првпат доаѓа во Р. С. Македонија во 1922 година. Иако престојот бил краток, д-р Караман, сепак, успеал да собере и да проучи доволно материјал за да го објави својот прв труд Придонес кон херпетофауната на Македонија Следниот, подолг престој, се остварил наредната, 1923 година. На покана на Хигиенското одделение на тогашното Министерство за народно здравје, д-р Караман поминува шест месеци во проучувањето на маларичните комарци со цел сузбивање на маларијата. Резултат на неговата работа е трудот Анофелите во Македонија, објавен истата година. Покрај службената работа, младиот Караман со голем ентузијазам колекционира и обработува различен фаунистички материјал, при што посебно внимание посветува на ихтиофауната во Р.С. Македонија. Резултат од таа негова работа и посветеност е уште едно капитално дело за македонската фауна Fish Рибите во Македонија, кое излегува во Сплит, во 1924 година.
Органограм и организациони единици
Во музејот се содржани следниве организациони единици:
1.Административна служба, во чиј состав влегува:
1.1 Одделение за општи-правни работи, човечки ресурси, маркетинг и материјално-финансиски работи.
2.Стручна служба, во чиј состав влегуваат:
2.1.Одделение за геологија и палеонтологијa
2.2.Одделение за инвертебрата;
2.3 Одделение за ентомологија;
2.4 Одделение за вертебрата;
2.5 Одделение за орнитологија;
2.6 Одделение за ботаника;
2.7 Одделение за едукација и библиотека;
2.8 Препараторско одделение;
3.Помошно-техничка служба

Мисија
Нашата мисија е да го зачуваме, истражуваме и промовираме природното наследство на Република Македонија преку научна извонредност, едукација и активно вклучување на јавноста.
Визија
Се стремиме да создадеме динамична и иновативна средина која ги поврзува науката, општеството и идните генерации. Преку континуиран развој, модернизација на изложбите и меѓународна соработка, имаме цел да го позиционираме музејот како центар на знаење.
